Loading...

Резултати

Резултатите од спроведените активности кај пчелните семејства од A. m. macedonica може да се најдат на подлинкот Резултати оглас. Со кликање на подлинкот ќе ги добиете просечните информации на ниво на месец или година, додека за детално пребарување на податоците по пчелно семејство, пчеларник, месец, година или друг анализиран период неопходно е да бидете член на здружението и да имате пристап до MacBee intra.

Во следната табела е наведена методологијата и динамиката на редовните контроли за следените карактеристики во една година.

Карактеристика Динамика (сезони) Методологија
Број на пчели во пчелното семејство есен / пролет / лето Модифициран метод на проценка*
Вкупен број на ќелии со легло есен / пролет / лето Рамка шаблон*
Број на ќелии со отворено легло есен / пролет / лето Рамка шаблон*
Број на ќелии со затворено легло есен / пролет / лето Рамка шаблон*
Број на ќелии со полен есен / пролет / лето Рамка шаблон*
Производство на мед крај на активна сезона Употреба на вага           (± 5 g)
Одбранбено однесување есен / пролет / лето Оценување (1 – 4)
Роидбено однесување есен / пролет / лето Број на матичници
Степен на инвадираност со Varroa destructor есен / пролет / лето Лабораториска**
Степен на инфицираност со Nosema spp. есен / пролет / лето Лабораториска**
Потрошувачка на храна во зимскиот период                                              (окт – март) зимски период Употреба на вага           (± 5 g)
Индекс на презимување есен / пролет Статистички метод
Процент на зимски загуби есен / пролет Статистички метод
 

* Модифицирана метода (Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје)

** Лабораторија за пчеларство при  Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје