MacBee – intra

Што е MacBee intra?

MacBee intra претставува привилегиран дел од интернет страницата кој е достапен само до членовите на здружението.MacBee intra е база на податоци која ги содржи сите информации и податоци за истражуваните карактеристики кај пчелните семејства од популацијата на A. m. macedonica на ниво на пчелно семејство, пчеларник и регион со дневна, месечна, годишна или друга посебна динамика. Покрај податоците, во MacBee intra се објавуваат и месечни, годишни или друг вид на анализи и извештаи со што ќе се обезбедат доволно информации за поуспешно одгледување на пчелните семејства во рамките на своите региони.

MacBee членство!

Секој член има пристап до сопствените, но и податоците на другите членови со што се стекнува со неопходните информации (база на податоци, извештаи, анализи и сл.) за навремена и соодветна реакција во процесот на одгледување на пчелните семејства (MacBee intra)

Навремена информираност за тековните активности на здружението и учество по привилегирани услови во студиски патувања, набавка на опрема и репроматеријали и сл.

Учество во проекти за заштита на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica)

Достапност до литература од областа на биологијата на медоносните пчели, бесплатна едукација во рамките на здружението и сл.

Како да станам член на MacBee ?

Член на здружението се станува со исполнување на следниве критериуми:

Да поседувате препорака од страна на постоечки член на MacBee

Да поседувате минимум 12 пчелни семејства за учество во истражувачките активности на MacBee

Да учествувате во истражувачките активности на здружението и да доставувате податоци до истото

Да се придржувате кон воспоставената методологија т.е. протокол на одгледување и тестирање на пчелните семејства (Протоколот се доставува само до членовите на MacBee)

Да имате минимум 5 години пчеларско искуство

Да го контактирате претседателот на MacBee

Да се придржувате кон одредбите од Статутот наMacBee.