Категорија: Вести

MacBee домаќин на пчелари од Малта

Во периодот од 27.06 до 04.07. 2018 година, во студиска посета на Република Македонија беа членовите на здружението Бридс оф ориџин конзервенси (Breeds of Origin Conservancy) од Малта. Здружението во рамки на своите цели, односно заштитата на автохтоната флора и фауна, загрозените видови и подвидови во Малта, доста е активно и напорно работи и во […]

Read more

IV СЕМИНАР ЗА НАЦИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ ВО РАМКИТЕ НА SMARTBEES ПРОЕКТОТ, ЛУКОВИЦА, СЛОВЕНИЈА (16 И 17 МАЈ, 2018)

На 16 – 17 Мај, во организација на Институтот за пчеларство од Кирхајн, Германија, во соработка со Словенскиот пчеларски сојуз, во зградата на Словенскиот пчеларски сојуз во Луковица се одржа четвртиот семинар за националните координатори за селекција  во рамките на проектот SMARTBEES. На семинарот учествуваа 18 национални координатори од 13 држави (Италија, Белгија, Романија, Србија, […]

Read more

Мед од Apis mellifera macedonica на „Тера Мадре Балкан 2018“ во Брисел

На годинашната манифестација „Тера Мадре Балкан“ која се одржа од 21 до 23 мај во Брисел, помеѓу останатите македонски традиционални производи, посетителите имаа можност да го дегустираат и медот од македонската автохтона медоносна пчела од президиумот MacBee. Слоу Фуд Македонија преку заедничката соработка со уште осум регионални Слоу Фуд организации ја искористија можноста пред европратениците […]

Read more

М-р Борче Павлов гостин во емисијата „Аграр“

Членот на MacBee, м-р Борче Павлов, гостуваше во емисијата „Аграр“ емитувана на МТВ. М-р Павлов говореше за здружението MacBee, неговите цели, активностите и реализираните проекти. Во продолжение на разговорот тој ја истакна ситуацијата со катастрофалната сезона која лани им се случи на пчеларите и потребата од итна помош во справување со последиците од истата. Она […]

Read more

Членовите на MacBee во организирана посета на пчеларскиот саем во Каменово

Членовите на MacBee организирано го посетија пчеларскиот настан XXVII Денови на Млавско Хомољските пчелари, Каменово 2018, одржан од 31.03 до 1.04 2018 година во Каменово, Р. Србија. На настанот кој важи за еден од најголемите пчеларски случувања во регионот, членовите на MacBee имаа можност да погледнат современа пчеларска опрема и пчеларски алатки, поразговараа со производителите на […]

Read more

Доц. д-р Александар Узунов прогласен за почесен член на MacBee

Настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“ покрај едукативниот дел и делот наменет за дружење помеѓу пчеларите, беше одбележан и со церемонијален момент. Претседателот на MacBee, Игор Илков свечено го прогласи доц. д-р Александар Узунов за почесен член на здружението, му се заблагодари во име на целото членство и му додели плакета со признание […]

Read more

Успешно одржан настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“ (Фотогалерија)

На 28 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје беше одржан настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“ организиран од MacBee. Настанот го посетија повеќе од 170 пчелари од целата држава. Освен презентациите, размената на искуства и дружењето, посетителите имаа можност да ги погледаат најновите понуди на пчеларска опрема и […]

Read more

Членот на MacBee Борче Павлов се стекна со титулата магистер

На 30 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, членот на MacBee Борче Павлов јавно го одбрани својот магистарски труд и се стекна со титулата магистер по пчеларство. Презентацијата на трудот со наслов „Производство на матичен млеч во услови на ограничен прилив на природна храна за пчелните семејства“ предизвика воодушевување […]

Read more

Затворена е регистрацијата за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

MacBee ги известува сите заинтересирани, но нерегистрирани лица кои имаат намера да се регистрираат за учество на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“, дека регистрацијата за истиот е затворена. Поради исполнетост на капацитетите и во интерес на квалитетот на настанот, а особено во интерес на оние учесници кои навремено извршиле уплата, MacBee ги […]

Read more

Покана за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee, со задоволство Ви го претставува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер. MacBee веќе неколку години организира настани од ваков карактер, каде на едно место се собрани […]

Read more