Категорија: Вести

Членот на MacBee Борче Павлов се стекна со титулата магистер

На 30 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, членот на MacBee Борче Павлов јавно го одбрани својот магистарски труд и се стекна со титулата магистер по пчеларство. Презентацијата на трудот со наслов „Производство на матичен млеч во услови на ограничен прилив на природна храна за пчелните семејства“ предизвика воодушевување […]

Read more

Затворена е регистрацијата за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

MacBee ги известува сите заинтересирани, но нерегистрирани лица кои имаат намера да се регистрираат за учество на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“, дека регистрацијата за истиот е затворена. Поради исполнетост на капацитетите и во интерес на квалитетот на настанот, а особено во интерес на оние учесници кои навремено извршиле уплата, MacBee ги […]

Read more

Покана за настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee, со задоволство Ви го претставува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер. MacBee веќе неколку години организира настани од ваков карактер, каде на едно место се собрани […]

Read more

Одржано редовно Годишно собрание на MacBee

На 24 декември 2017 година, во салата за состаноци на хотел Премиер во Скопје беше одржано редовното Годишно собрание на MacBee. На дневен ред на состанокот беа повеќе точки, кои беа дискутирани помеѓу членовите, а беа донесени и неколку Одлуки. Беа анализирани досегашните активности и тековни проекти, беше утврден буџетот за функционирање на здружението за […]

Read more

MacBee го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

Македонско здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот  „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот кој MacBee традиционално го организира на секои две години и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни […]

Read more

Објавена е статија за активностите и напредокот на MacBee во проектот SMARTBEES

MacBee во соработка со Институтот за пчеларство во Кирхајн, Германија, Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и Институтот за пчеларство во Хохен Нојендорф, Германија, изработи статија во која известува за активностите и напредокот во проектот SMARTBEES. Со текстот насловен „Селекција и генетско подобрување на локалната медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) на територијата на […]

Read more

Завршен есенскиот перформанс тест – циклус на тестирање 2017/2018

Со есенскиот перформанс тест започна новиот циклус тестирања (2017/2018 год.) во рамките на проектот SMARTBEES. Во овој циклус се тестираат вкупно 7 генотипови: 3 најдоброрангирани генотипови од претходниот циклус на тестирање 2015/2016 (www.testbees.eu/breeding.php) и 4 нови генотипови, сите распоредени во 108 пчелни семејства на 9 тестни пчеларници на различни локации во Р. Македонија. Согласно Протоколот […]

Read more

Фотогалерија од посетата на „Апимондија 2017“ во Истанбул

Членовите на MacBee имаа можност да го посетат 45-от Меѓународен пчеларски конгрес-„Апимондија 2017“ кој беше одржан од 29-ти септември до 4-ти октомври во Истанбул, Турција. Во Конгресниот центар на Истанбул, на 16000 метри квадратни, каде што се одржуваше манифестација, на саемскиот дел можеа да се видат сите најнови достигнувања од светот на пчеларството, додека во […]

Read more

Работен состанок на MacBee на пчеларник во с. Живиње

На 22 октомври 2017 година, во село Живиње, на пчеларникот на членот на MacBee Борче Павлов, беше одржан работен состанок. На средбата Павлов ги запозна своите колеги со условите за пчеларење во тој регион, со типот на сандаци со кои пчелари, објасни и дел од техниките на пчеларење кои тој ги применува и покажа дел […]

Read more

Најновиот труд на доц. д-р Александар Узунов објавен во последниот број на „Bee World“

Најновиот труд на доц. д-р Александар Узунов со наслов „The basic concept of honey bee breeding programs“ е објавен во последното издание на реномираниот пчеларски магазин „Bee World“. Освен доц. д-р Узунов, како автори на трудот се потпишуваат и д-р Ралф Бихлер од Институтот за пчеларство во Кирхајн, Германија и д-р Еверт Браскамп од Универзитетот во […]

Read more