Loading...

A. m . m. sertifikat

MacBee е здружение на одгледувачи на пчели чија цел е истражување, заштита, подобрување и промоција на автохтоната медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) во Република Македонија. Дополнително, нашето здружение спроведува активности за заштита и промоција на традиционалниот начин на одгледување на медоносните пчели и начинот на добивање на нивните производи.

Од 2010 година, MacBee ги спроведува своите истражувачки активности во 7 експериментални пчеларници во Богданци, Негорци, Гевгелија, Дихово, Драчево, Мршевци и Свети Николе по изедначен протокол на одгледување и тестирање на вкупно 84 пчелни семејства.

Организирање на теоретски, практични и e - обуки, студиски патувања во странство, пристап и размена на најсовремена литература и сл. се дел од активностите на MacBee.

меден семафор smaleno
Апликацијата ја покажува состојбата со лачење на нектар, приливот во кошниците и потрошувачката на храна во одредени региони во државата